Search

Викиликс: Асанж предмет на софистицирана шпионска операција

Основачот на Викиликс, Џулијан Асанж беше предмет на софистицирана шпионска операција во амбасадата на Еквадор во која тој се наоѓа од 2012 година, соопшти денеска Викиликс.

-Викиликс откри голема операција за шпионирање против Асанж во амбасадата на Еквадор, изјави Кристин Храфнсон, главна уредничка на Викиликс, додавајќи дека „иселување” на Асанж од амбасадата би можело да се случи во кој било момент.

Таа не изнесе докази за своите тврдења.

– Знаеме дека постоеше барање да се предадат записниците од посетителите на амбасадата и видео снимките од безбедносните камери во објектот, рече Храфнсон и додаде дека таа претпоставува оти информациите се предадени на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.

Треба да знаете
Последни објави