Search

Викенд временска прогноза

Денеска времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер, особено изразен вдолж Повардарието и во источните делови. Во крајните североисточни делови можен е краткотраен дожд.

Дневната температура ќе се движи од 22 до 30 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со умерена облачност и со умерен до засилен северозападен ветер и дневна температура до 27 степени.

Во наредните денови во поголемиот дел од земјава ќе преовладува стабилно и суво време, до петок ќе биде ветровито со засилен северен ветер. Локално сѐ уште ќе има услови за изолирана појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.

В сабота времето ќе биде сончево и значително потопло, а од недела попладне и во наредните денови повторно ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално се очекуваат и поинтензивни процеси.

Треба да знаете
Последни објави