Search

Викендов ќе продолжи периодот на нестабилно време со повремени врнежи

За време на викендот ќе продолжи периодот на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд и со потпросечни дневни температури за овој период од годината. Во попладневните часови на места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Повеќе врнежи ќе има во недела, најавуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Времето денеска е променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локален
дожд и ретки грмежи. Ќе дува умерен, вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 16 до 24 степени.

Во Скопје че биде променливо облачно со сончеви периоди, попладне со услови за краткотраен дожд. Ќе дува умерен ветер од северозападен правец.

Треба да знаете
Последни објави