Search

Викендов стабилно и потопло време, нови врнежи од понеделник

Времето денеска е сончево со мала до умерена облачност. Вдолж Повардарието во текот на денот ќе дува умерен повремено засилен северен ветер, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 22 степена.

За време на викендот и во понеделник ќе преовладува стабилно и потопло време со умерена облачност. Нови локални врнежи од дожд ќе има од понеделник кон крајот на денот.

Треба да знаете
Последни објави