Search

Виетнам ќе купи руска вакцина против „Ковид-19“

Министерството за здравство на Виетнам се пререгистрира за купување на руска вакцина против „Ковид-19“, објави државната телевизија.

„Виетнамското Министерство за здравство се пререгистрира за руската вакцина против Ковид-19. Во меѓувреме, Виетнам ќе продолжи да работи на развивање своја вакцина“, објави државната телевизија во соопштението на министерството.

Министерството не наведува колку дози на вакцината се нарачани и кога таа ќе биде доставена. Минатиот месец, Министерството објави дека сопствената вакцина ја очекуваат до крајот на 2021 година.

Рускиот претседател Владимир Путин во вторникот објави дека Русија стана првата земја во која регулаторното тело, по помалку од два месеци на тестирање врз луѓето, ја одобри вакцината против „Ковид-19“ и дека вакцината е безбедна.

Виетнам успешно се справи со првиот бран на инфекција со новиот коронавирус преку строги карантински мерки и тестирања, но сега се обидува да ја спречи инфекцијата што се појави на неколку места поврзани со популарното одморалиште Дананг.

Таму, на 25 јули, откриено е ново жариште на инфекција.

Виетнам досега има регистрирано 911 случаи на инфекција и 21 смртен случај од „Ковид-19“.

Треба да знаете
Последни објави