Search

(Видeо) Масовен протест во Хонг Конг поради новиот закон за екстрадиција

Новиот закон за екстрадиција предизвика најголем протест во изминатите десетина години во Хонг Конг, кој заврши доцна синоќа со немири и судири меѓу демонстрантите и полицијата. Демонстрантите се обидоа да го пробијат полицискиот кордон и да дојдат до седиштето на Владата.

Полицијата употреби солзавец и палки врз демонстрантите, меѓу кои многумина носеа хируршки маски на лицата.

Тензиите меѓу демонстрантите и полицијата со часови продолжиле до утрово, пренесе „Саут Чајна Морнинг Пост“.

Се проценува дека околу еден милион луѓе излегле на улиците против навиот закон кој дозволува екстрадиција на Кина. Законот моментално се наоѓа пред пратениците во полудемократското Собрание во Хонг Конг, за кој во среда треба да се расправа.

Законот би овозможил осомничените лица да се екстрадираат во Кина, за таму да им се суди. Измените на законот би требало да ја поедностават постапката за секој одделен случај. Во тоа се вклучени матичните земји Кина, Макао и Тајван, како и уште 20 земји со кои Хонг Конг веќе има договор за екстрадиција.

Треба да знаете
Последни објави