Search

Видодо официјално побара главниот град на државата да се премести на островот Борнео

Во говор по повод 74-годишнината од независноста на Индонезија, претседателот Џоко Видодо денеска официјално му предложи на Парламентот план за преместување на Џакарта, главниот град на пренаселениот остров Јава, на островот Калимантан (Борнео).

-Барам ваша дозвола да биде преместен  главен град на (островот) Калимантан, рече Видодо, кој ќе положи заклетва за втор мандат во октомври по победата на изборите во април.

„Главниот град не е само симбол на националниот идентитет, тој исто така дава идеја за напредокот на земјата. Преселбата е неопходна за да се постигне економска еднаквост и правда”, додаде индонезискиот претседател, без да прецизира каде точно ќе се наоѓа новиот главен град.

На 2 август, владата на Индонезија го утврди планот за преместување на главниот град – проектот се проценува на 32,5 милијарди долари, а изградбата треба да започне во 2021 година. Сегашниот главен град Џакарта има големи проблеми заради застарената инфраструктура.

Треба да знаете
Последни објави