Search

(Видео) Tаткото на Бијонсе изјави дека ќерка му била жртва на сексуална злоупотреба

Таткото на една од најпопуларните пејачки на денешницата, Бијонсе (38), даде интервју за „Влад ТВ“, а неговите признанија предизвикаа негодување во јавноста.

Метју Ноулс во моментот ја промовира својата нова книга Destiny’s Child: The Untold Story, во која пишува за лошата одлука што ја донел на почетокот на кариерата на својата ќерка.

„Сè се случи кога Бијонсе беше дел од групата ‘Дестини чајлд’“, почна Метју во интервјуто.

Во тоа време тој бил нејзин менаџер, а сега признава дека Бијонсе и нејзината колешка од групата, Кели Роланд, биле жртви на сексуална злоупотреба.

Тој рече дека во 2000 година биле нападнати од двајца членови на групата Jagged Edge, со кои девојките настапувале на заедничка турнеја. Сепак, тој не ги именувал наводните сторители.

„Тогаш девојчињата беа малолетни. Имаа само 16 години, а момчињата имаа околу 21 или 22 години. Јас бев одговорен за девојките и морав да се грижам за нив“, рече Метју.

Како што објасни тој, Бијонсе и Кели му се пожалиле дека им додеваат момчињата во групата.

Пред да заврши интервјуто, водителот го прашал како тој како татко ја решил ситуацијата во која група мажи се обиделе да спијат со ќерка му.

„Нема да зборуваме за тоа пред камерите“, рече тој.

Сега се очекуваат реакциите на Бијонсе и Кели бидејќи ниту една од нив досега ги нема спомнато овие детали во јавноста.

Треба да знаете
Последни објави