Search

(Видео) Ќерката на британска милионерка пронајдена мртва во базенот на вилата во Мајорка

Ќерката на британската милионерка Рејчел Клахер, Џоси (18), беше пронајдена мртва во базенот на вилата во Мајорка, по ноќта помината во град со пријателите.

Таа била пронајдена во базенот на вилата во Аларо во вторникот околу 7 часот наутро, и лекарите можеле само да констатираат смрт, пренесува британски „Телеграф“.

Џоси била на одмор со семејството и пријателите, како и со мајката Рејчел, која е еден од основачите на водечката телефонска служба на Манипени, вредна повеќе од 100 милиони фунти. Џоси е една од трите ќерки на Рејчел Клахер и ученичка во училиштето „Моретон Хол“ во Шропшир.

По повод нејзината смрт, полицијата покрена истрага.

Треба да знаете
Последни објави