Search

(Видео) Њујорк е парализиран, сè е затворено

Американската метропола веќе има 450 починати лица кои биле позитивни за новиот коронавирус. Градот е на присилна пауза, работниците масовно губат работни места и нема сеопфатна помош од Вашингтон. Најголема е борбата за добивање на респиратор.

Речиси нема луѓе на Тајмс Сквер во Њујорк, каде обично е речиси невозможно да се пробиете заради метежот. Нема туристи околу мостот во Бруклин. Луксузните бутици на Петтата авенија се затворени, а прозорците на Бродвеј се затемни. Три недели откако беше потврден првиот случај на инфекција во Менхетен, централниот дел на Њујорк, коронавирусот го парализира животот во најголемата метропола во САД.

„Страшно е, но е потребно. Ризикот е едноставно премногу голем. Останува да се навикнеме да го правиме она што ни го кажува владата“, вели еден минувач.

Владата одлучи да ги затвори сите продавници и институции од јавно значење кои не се од „суштинска животна важност“. Фирмите масовно ги отпуштаат вработените, едвај има правни заштити против отпуштањата, а скратено работно време не постои. И рестораните, кои се борат да ја преживеат кризата и доставуваат храна, ги откажаа работните места за повеќето работници и ги исфрлија на улица.

„Имавме 30 работници. Минатата недела 90 проценти од нашите вработени мораа да бидат отпуштени од работа. Тоа се луѓе кои немаат пари или друг приход. Страшно е, но тоа е реалност“, вели еден сопственик на ресторан, пишува „Дојче веле“.

САД имаат најголем број на заразени со коронавирус во светот. Денеска бројката надмина сто илјади, со 450 смртни случаи само во Њјорк.

Според најновите информации, четири илјади Американци се во болниците затоа што имаат комплициран тек на болеста. Бројот на заразени лица се дуплира на секои три дена. Амбулантните возила и просториите за чекање во болниците исто така се преполни. Шатори се поставени пред болниците, така што пациентите не мора да чекаат надвор. Некои Њуорчани веќе го нарекуваат градот „американскиот Вухан“.

„Ние сме епицентарот на кризата“, вели градоначалникот на Њујорк, Бил де Блазио.

„Бидејќи ние сме епицентарот и најголемиот град во САД и сите очи се свртени кон нас, потребна ни е брза помош од Вашингтон“, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави