Search

(Видео) Јокиќ со нов трипл-дабл не му помогна да Денвер да излезе од резултатската криза

Изминатава вечер се одиграа десет натпревари во најсиланата кошаркарска НБА-лига. Нова добра партија прикажа српскиот интеранционалец Никола Јокиќ, но тоа не беше доволно неговиот тим Денвер на гостувањето кај Чикага да го избегне поразот (109:97). Српскиот кошаркар оствари нов трипл дабл во својата кариера, со постигнати 17 коша, 12 асистенции и 15 скокови. Ова беше60-тиот трипл-дабл во неговата кариера во регуларниот дел од сезоната во НБА, со што го помина легендарниот Лери Бирд на вечната листа каде се проби на осмото место. Лидер по ваквитер оставрувања е Расел Вестбрук.

Чикаго уште еднаш покажа дека е еден од најдобрите тимови оваа сезона. Денвер е во резултатска криза со осум порази во последните 10 натпревари.Во редовите на Чикаго тројца играчи постигнаа над 20 поени. Лавин уфрли 32, Бал и Вучевиќ по 20, двајцата (Бал и Вучевиќ) стигнаа и до 10 скока. Кај Денвер Бартон и Морис постигнаап о 19 поени.

НБА резултати: Шарлот – Филаделфија 124: 127, Детроит – Оклахома 103:114,  Чикаго – Денвер 109:97, Милвоки – Кливленд 112:104,  Минесота – Атланта 110: 121, Феникс – Сан Антонио 108:104, Голден Стејт – Орландо 126:95, Портланд – ЛА Клиперс 90: 102

Треба да знаете
Последни објави