Search

(Видео) Јокиќ го освои Мајами, Дончиќ не може да го „разбуди“ Далас

Српскиот кошаркарски интеранционалец во најсиланата лига на светот – НБА, Никола Јокиќ се врати на паркетот по четири пропуштени натпревари поради повреда и беше предводник на Денвер во победата над Мајами (120:111), додека Словенецот Лука Доначиќ и покрај добрите партии не може да го „разбуди“ Далас кој загуби од Кливленд (114:96).

Јокиќ со 24 поени и 15 скока беше предводникот на Денвер кој ја прекина низата од шест порази по ред. Мечот Мајами – Деневер се чекаше со нетрпение и поради инцидентните ситуации кои се случуваа пред неполн месец кога играа овие два тима, а во главна улога беа Србинот Јокиќ и Маркиф Морис. Во одбрана на Јокиќ застанаа неговите браќа Страхиња и Немања на кои им се порачуваше да не доаѓаат во Мајами, па затоа кога влегуваа во сала добија свирежи од публиката.

На Далас не им помогна расположениот Дончиќ, кој постигна трипл-дабл од 25 поени, 10 скокови и 10 асистенции, додека Боби Марјановиќ постигна 10 поени и четири скока.

Резултати на другите одиграни натпревари: Филаделфија – Орландо 101:96, Чикаго – Шарлот 133:119, Хјустон – Оклахома 102:89, Минесота – Индијана 100:98, Сан Антонио – Вашингтон 116:99, Јута – Портланд 129:107,
Клиперс – Њу Орлеанс 104:123

Треба да знаете
Последни објави