Search

(Видео) Јелена Томашевиќ ги загреа скопјани до максимум на Винтерленд

Српската фолк-пеачка Јелена Томашковиќ вечерва ги забавува скопјани на „Винтерленд“ во центарот на Скопје. Оваа манифестација до вчера ја посетија над 70.000 луѓе, секојдневно следејќи ги детските програми и вечерните концерти на големите ѕвезди од земјата и од регионот.

Скопјани во голем број дојдоа да го следат настапот на фолкерката, која предизвика вистинска еуфорија.

Покрај музичките настапи, детската програма е на агендата секој работен ден од 17 до 19 часот. Театарски претстави, боенки, аниматори, пантомимичари, маскоти и Дедо Мразовци ги анимираат најмладите и нивните родители на големата сцена на скопскиот плоштад.

Треба да знаете
Последни објави