Search

(Видео) Ја изгуби улогата од Хенри Кавил, но Тајлер Хочлин сега е новиот Супермен

Со неодамнешната премиера на телевизиската серија „Супермен и Луис“ уште еден човек од челик доаѓа во светот на суперхероите на „Ди-си“.

Сепак, оваа итерација на Кларк Кент, кого го толкуваше Тајлер Хочлин, постои веќе неколку години во таканаречениот Arrowverse (заеднички универзум на разни меѓусебно поврзани ТВ-серии за суперхерои на „Ди-си“) и дебитира во 2016 година во серијалот Supergirl.

И иако е свесен за наследството што човекот од челик го имаше во децениите и низа одлични актери што зачекорија во црвените чизми, Тајлер ја презема оваа култна улога со голема самодоверба.

Треба да знаете
Последни објави