Search

(Видео) Јанушев: Пред да дојде на власт, Заев ветуваше дека нема да спроведе двојазичност

Зоран Заев е човекот кој пред да дојде на власт ветуваше дека нема да спроведе двојазичност. Како пример наведуваше градови како Струмица, Радовиш, Кавадарци, каде нема граѓани кои зборуваат албански, за сега откако стана премиер да спроведе целосна двојазичност, изјави Игор Јанушев, генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ.

Тој додаде дека Заев откако седнал на премиерската фотеља спровел сè што велел дека нема.

„Уште една потврда за тоа вчера дојде од владата чиј портпарол соопшти дека Албанци мора да бидат вработени во сите институции вклучувајќи и општини како Радовиш, каде нема граѓани кои го зборуваат овој јазик. Зоран Заев нема повеќе легитимитет за ништо. Зоран Заев мора да си замине, а затоа потребни се предвремени парламентарни избори“, рече Јанушев.

Тој додаде дека поминале 6дена откако ВМРО-ДПМНЕ повикале за итно распуштање на собранието и организирање на предвремени парламентарни избори заедно со претседателските во април, а власта, како што рече, бега и се крие зад празни флоскули.

„Господине Заев покажете барем малку храброст и распишете предвремени парламентарни избори. Доколку собранието се распушти на 21 јануари има доволно време до крајот на април да се испочитуваат сите услови согласно пржинскиот модел и да се спроведат фер избори. Граѓаните на избори не ви дадоа легитимитет ниту за промена на името, ниту за двојазичноста, ниту за какви било промени во уставот“, рече Јанушев.

Треба да знаете
Последни објави