Search

(Видео) Ѓорѓиевски : Зошто Јовче Ременски не е суспендиран за изнесување документи од истраги кои ги чувал дома?

„СДСМ е синоним за криминал, а со Зоран Заев на власт, правото и правната држава не постојат. Рекетот, изнудите и корупцијата се модус операнди на Зоран Заев и сите негови функционери“, изјави Орце Ѓорѓиевски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Зошто му се на Јовче Ременски имињата на сите инволвирани полициски службеници, сведоци, докази и соработници во случаите ‘Монструм’ и ‘Диво Насеље’? Дали уценувал или планирал да уценува некого? Дали се заканувал или нудел заштита на осомничени и инволвирани лица?
Ова се сериозни прашања кои се наметнуваат откако вчера јавноста се вознемири со информацијата дека соработникот на Зоран Заев, Јовче Ременски, висок функционер во УБК, а сега АНБ, изнесувал класифицирани информации, списи и докази и ги чувал во сопствениот дом, спротивно на сите закони и процедури“, додаде тој.

Според Ѓорѓиевски, тоа што дополнително загрижува е фактот дека власта и истражните органи молчат за овој скандал.

„Устата им е полна со наводен ветинг, а немаат информација дека нивен функционер ја изнесувал доверливата архива и си правел сопствена. Како е можно овој човек да го мине филтерот за влез во новата Агенција за национална безбедност, а згора на сето тоа и да врши селекција на останатите кадри оценувајќи ја нивната работа.Со овој скандал Зоран Заев и СДСМ фрлија дополнителна сенка врз целосниот процес на селекција на кадри во новата Агенција за национална безбедност и целосно ги потврдија сомнежите дека процесот е политички и коруптивен, а не професионален.

Зошто Агенција за национална безбедност кога дознала дека кај Јовче Ременски се пронајдени информации и документи од истраги не го суспендирала и не започнала постапка против истиот!?Има ли удел Јовче Ременски во бришењето и исчезнувањето на двата телефони на неговата сопруга, осомничена во случајот Рекет?Дали е потребен дополнителен медиумски притисок кон ЈО и МВР за да почне да си ја вршат работата!?Доколку со таква леснотија се изнесуваат документи од МВР, дали како држава треба да стравуваме дека и други лица поседуваат класифицирани документи во своите домови и ги користат за приватни работи и уцени!?Која е безбедноста која ја гарантира МВР кога не можат да ги заштитат ниту сопствените материјали!?Спасовски се покажа како целосно неспособен. Безбедносниот систем ни е целосно крахиран. Одговорност мора да има.Оваа несериозна влада мора час поскоро да си замине. На 12 април граѓаните ќе ги испратат СДСМ во историјата. По 12 април следува обнова на Македонија“, додаде тој.

Треба да знаете
Последни објави