Search

(Видео) Ѓорѓевиќ му одржа лекција на Јокиќ: Ваква глупост не смее да повтори

Селекторот на Србија, Саша Ѓорѓевиќ го призна поразот од Шпанија (81:69), но не можеше да го прифати однесувањето на Никола Јокиќ кој беше исклучен во третата четвртина по досудената техничка грешка. Ѓорѓевиќ во свој стил му одржа лекција по крајот на средбата.

– Сакам да и честитам на Шпанија, дефинитивно беа подобар тим. Го одземаа нашиот план на игра, не можевме да одговориме на нивната промена на одбрана, а имавме и необјасниви грешки. Имавме 17 загубени топки, а на вакво натпреварување кога ќе се случи тоа, не може да очекувате победа. Игравме со срце во вториот дел, но не ми се допадна реакцијата на Јокиќ. Требаше да остане на паркетот, дури и да изгубиме, тој мора да биде на теренот, треба да биде еден од нашите лидери. Не смее да повтори ваква глупост, го знае тоа и веќе разговаравме во соблекувалната, – порача Ѓорѓевиќ.

 

https://streamable.com/jcfd6

Треба да знаете
Последни објави