Search

(ВИДЕО) Ѓорчев од Вашингтон: Светот мора да ја чуе македонската вистина

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и еден од деветмината партиски кандидати за претседател, Владимир Ѓорчев на Фејсбук објави видео од Вашингтон од пред  Сенатот и Конгресот на САД. Тој видеото го наслови: Светот мора да ја чуе македонската вистина и македонските аргументи. Македонија ќе има подобра позиција со силни пријатели во светот.

https://www.facebook.com/Press24mk/videos/422862878468837/?t=0

Ѓорчев претходно на Фејсбук сподели дека лично се познава со 30-тина конгресмени, како и со десетина сенатори.

-Како претседател на Македонија се обврзувам дека групата во Конгресот на САД за пријателство со Македонија ќе дојде до најмалку 70 конгресмени во првата година, а најмалку 100 конгресмени до крајот на мандатот. Во Сенатот ќе обезбедам најмалку 10 сенатори кои ќе бидат дел од групата за поддршка на Македонија.Македонија мора да има многу пријатели каде што се носат најважните одлуки за светската политика, напиша Ѓорчев.

Треба да знаете
Последни објави