Search

(Видео) Штетата предизвикана на протестите во Париз проценета на 4 милиони евра

(Видео) Штетата предизвикана на протестите во Париз проценета на 4 милиони евра

За време на насилните протести во Париз организирани од вижењето „Жолти елеци“ предизвикана е огромна материјална штета, пренедуваат француските медиуми.

Според последните информации кои француските медиуми ги добиле од на градоначалникот на главниот град на Франција таа е проценета на околу три до четири милиони евра.

По неговата оценка, оваа сума се однесува на оштетена или целосно уништена градска опрема, но се уште не се потврдени точните бројки бидејќи во тие три до четири милиони евра не е вметната оштетената Триумфална порта. Триумфалната порта, беше оштетена во саботата попладне и затоа ќе биде затворена за јавноста неколку дена.

Од саботата вечерта, париските комуни претпријатија исчистиле околу 900 кубни метри отпад и повеќе од 200 остатоци од изгорени автомобили по улиците, соопшти градоначалникот.

Тој додава дека пожарникарите пријавиле вкупно 249 пожари, 112 возила и 130 објекти.

Градоначалникот најави дека в четврток ќе одржи состанок со градската администрација, државните институции, трговските друштва и осигурителните компании за да им се помогне на трговците „чии загуби се огромни”.

За време на протестите приведени беа околу 412 луѓе, а според полицијата ова е рекорден број во последните неколку децении.

Поради немирите во Париз и политичките тензии во земјата, претседател Емануел Mакрон ги одложи своите планирани работни обврски надвор од земјата.

Треба да знаете
Последни објави