Search

(Видео) Шилегов: Приведени се лица кои се обиделе да го демолираат зелениот кров на ГТЦ

Приведени се лица кои се обиделе да го демолираат зелениот кров на ГТЦ. Ова го соопшти на Фејсбук градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Тој објави и видео за настанот.

„Во текот на вчерашниот ден го најавив завршувањето на зелениот кров на ГТЦ и види чудо, одеднаш, некои ‘чудни сили’ решиле ноќеска да направат обид за негово демолирање.

Сторителите се фатени на дело, приведени и предадени во полиција.

Јас, заедно со Вас почитувани, ќе бидам упорен во борбата за овој град да стане поубав и попристоен, а “чудните сили” нека тераат. Осудени се на пропаст“, напиша Шилегов на Фејсбук.

Треба да знаете
Последни објави