Search

(Видео) Чиле: Три лица изгореа во пожар во супермаркет за време на немирите

Три лица загинаа во протестите во Чиле. Тие ги загубиле животите во пожар предизвикан во супермаркет. Двајца луѓе изгореа на лице место, а третиот починал во болница.

„Две лица изгореа во пожарот, а трето е пренесено во тешка состојба во болница каде им подлегна на повредите“, се вели во соопштението на градоначалничката Карла Рубилар.

Владата се откажа од поскапувањето на цените на превозот, поради десетдневните насилни протести. Цените биле покачени од 800 на 830 пезоси, што е околу 4 американски центи.

Во саботата, претседателот Себастијан Пињера објави дека владата ќе ги укине повисоките цени за картата за метро, што ги активираше протестите во главниот град. Чилеанскиот претседател прогласи вонредна состојба во Сантијаго откако во градот со шест милиони луѓе синоќа избувнаа немири во кои една зграда беше запалена, а метрото беше блокирано.

Треба да знаете
Последни објави