Search

(Видео) Чави ги собра, Педри ја платил вечерата, а Дембеле им го расипал расположението

Новиот тренер на шпанскиот фудбалски гигант Барселона кој е во резултаска и финасиска криза, Чави Ернандез за да ја врати позитивната атмосфера во соблекувалната меѓу своите избраници во пресрет на решавачкиот натпревар во Лигата на шампионите против Баерн Минхен, организирал заедничка вечера. Чави и фудбалерите се собрале во ресторан во центарот на Барселона. „Тајната вечера“ им ја расипале најпрво медиумите кои објавиле дека  голем број играчи на Барса се собираат на едно место.

Собирот почнал во 20 часот и траел до 23 часот. „Тајната вечера“ ја платил младиот Педри за да ги почести соиграчите за добиената награда најдобар млад фудбалер, но и новиот договор кој го потпишал со Барселона. Расположението сепак им го расипал  според „Мундо Депортиво“, напаѓачот Усман Дембел кој доцнел еден час и ги налутил тренерите и соиграчите.

На овој собир Чави им го претставил планот како Барселона ќе избори европска пролет. За да игра во нокаут-фазта од ЛШ тимот од „Камп Ноу“ треба да победи во Минхен, или Динамо Киев и Бенфика да одиграат за нив.

https://twitter.com/i/status/1466128041852219393

 

Треба да знаете
Последни објави