Search

(Видео) Хјустон фати победнички ритам

Хјустон по разочларувачкиот старт во новата сезона од кошаркарската НБА-лига фати победнички ритам. Со нвиот тиуумф на домашен терен пртив Њу Орлеанс (118:108) стигнаа до шестата победа во серија. Пред оваа победничка низа Хјустон имаше само една победа.

Гордон и Вуд со по 23 поени беа предводници во новиот триумф на Хјустон, додека како недоволни за победа на Њу Орлеанс се покажаа и 40-те поени уфрлени од Инграм.

Торонто го победи Вашингтон со 102:90, а Атланта на домашен терен претрпе пораз од Шарлот во најефикасениот меч на вечерта (127:130).

Јута го доби неизвесното надигрување против Кливленд со 108:109. Играчите на двете екипи ги промашија последните шест обиди во последната минута, па на крај гостите си заминаа дома со победата. Донован Мичел беше најзаслужен за успехот со 35 постигнати поени.

НБА резултати: Атланта – Шарлот 127:130, Торонто – Вашингтон 102:90, Хјусотон – Њу Орлеанс 118:108, Кливленд – Јута 108:109

Треба да знаете
Последни објави