Search

(Видео) Харадинај на Заев му честита за новото име и протоколот за во НАТО

Премиерот Зоран Заев и членовите на делегацијата на Владата, во рамките на Минхенската конференција за безбедност се сретнаа со косовскиот премиер, Рамуш Харадинај.

Како што информираат од владината прес-служба, двајцата премиери изразиле големо задоволство од односите меѓу двете земји меѓу кои не постои отворено прашање и изразиле подготвеност да настојуваат на зацвсртување и на проширување на соработката во многу области.

На средбата, Харадинај им честитал на претставниците на делегацијата на Република Северна Македонија за статусот поканета членка во НАТО и изразил надеж дека ратификацијата на Протоколот за пристапување ќе заврши многу брзо.

Владината делегација на Република Северна Македонија на Минхенската конференција за безбедност ја сочинуваат министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи, Никола Димитров и пратеникот во Собранието на Република Северна Македонија, Џевад Адеми.

Премиерот Заев на конфернецијата остварил повеќе средби, меѓу кои и оние со американскиот сенатор Џејмс Риш и министерот за Европа во британската влада, Алан Данкан.

Заев на маргините на активностите на Минхенската конференција за безбедност се сретнал и со претставници на угледната меѓународна консултантска компанија „Ернст и Јанг“, која веќе повеќе години е присутна во нашата земја и која новите позитивни промени во Република Северна Македонија ги гледа како потенцијал за соработки и за проширување на своето портфолио во земјата.

Треба да знаете
Последни објави