Search

(ВИДЕО) Хаос пред Парламентот на Србија во Белград

Демонстранти се судрија вечерва со полицијата во обид да влезат во Собранието на Србија. Според белградски медиуми, пред Парламентот е хаос – демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, а полицијата според Н1 најверојатно употреби солзавец за да ја растера топлата.

Демонстрантите извикуваат навреди кон претседателот на државата Александар Вучиќ.

Поранешниот пратеник на Двери, Срѓан Ного, за телевизијата Н1 изјави дека не знае чии приврзаници се собрани и дека „овде треба да се реши еден пациент кој ја уништува целата нација”.

Ного се појави на платото пред Собранието на почетокот на протестот по 20 часот.

Радомир Лазовиќ од иницијативата „Да не го давиме Белград”, изјави дека причина за овој спонтан протест е акумулираното незадоволство од властите во Србија, но нагласи дека неговата организација не повикала на масовни немири поради опасност од коронавирусот.

Треба да знаете
Последни објави