Search

(Видео) Хаос во Белорусија – одекнуваа експлозии во Минск, едно лице загина

Во Минск синоќа повторно се одржаа протести против претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко. Експлозии одекнуваа во центарот на градот, запален е автобус, а едно лице загина, јави дописникот на Спутник од белоруската престолнина.

Во центарот на Минск голем број луѓе поставиле барикади. За време на судирот со специјалните сили, еден демонстрант загинал кога се обидел да фрли експлозивна направа кон нив, што експлодирала во неговите раце. Конвој на возила на специјални сили се упатил во правец на тој дел од градот, но граѓаните го блокирале со автомобили.

Полицијата со солзавец и светлечки гранати се обидела да ги растера демонстрантите, кои на специјалните сили фрлале молотови колтели. Полицијата уапсила поголем број демонстранти, а повеќе лица се повредени.

Треба да знаете
Последни објави