Search

(Видео) Хамилтон ја испроба Јамахата на Роси, Докторот го возеше Мерцедесот

Спонзорот на Јамаха, „Монстерс енерџи“ организираше спектакл на патеката во Валенсија на на која Валентино Роси и Луис Хамилтон, повеќетракните шампиони во Мото ГП и Формула 1 ги заменија улогите на еден ден.

Легендарниот Вале го возеше Мерцедесот со кој Хамилтон стигна до својата шеста титула во Формула 1, додека Британецот ја испроба Јамахата на италијанскиот ветеран кој и натаму им пркоси на годините и вози на највисоко ниво во Мото ГП.

– Добро утро на цел свет. Се надевам дека сте добро. Жалам што нема премногу информации за тоа што го доживеавме јас и Валентино, но можам да кажам дека тоа што го доживеавме беше епски. Двајцата си поминавме одлично, немаше неволји и го минавме најдобриот ден, порача Хамилтон.

https://www.instagram.com/p/B58M-AFHLhy/

Треба да знаете
Последни објави