Search

(Видео) Феникс и Мајами ги растурија Далас и Филаделфија

Феникс и Мајми ја искористија предноста на домашниот терен во петтите мечеви од полуфиналната конференциска битка во кошаркарската НБА. Со убедливи триумфи обезбедија нова предност од 3:2 во победи во серијата кој прв до четири триумф против Далас односно Филаделфија.

Феникс ги загуби претходните два натпревари на гости, но денеска немаа достоен ривал воДалас и го здробија со триесет поени разлика (110:80). Девин Букер со 28 поени беше најефикасен во домашните редови, а Лука Дончиќ беше најдобар кај гостите со постигнати 28 поени. Феникс со предност од 3-2 на Западот, следниот натпревар ќе го игра на гости во Далас.

Мајами немаше милост против Филаделфија и ја растури 120:85 за водство од 3-2 во полуфиналето на Истокот. Стартната петорка на домашниот тим имаше двоцифрен ефект во нападот, а најефикасен беше Џими Батлер со 23 поени. Кај Филаделфија најефикасен беше Жоел Ембид со 17 поени. Следниот натпревар се игра во Филаделфија.

Треба да знаете
Последни објави