Search

(Видео) Федерер и Надал одиграа хуманитарен меч пред рекордни 51.954 гледачи во Јужна Африка

Тениските светски великани Роџер Федерер и Рафаел Надал вечерва одиграа меч кој ќе влезе во  историјата на „белиот спорт“, иако станува збор за пресметка од хуманитарен карактер која ја организираше фондацијата на швајцарскиот ас.

Федерер го победи Надал со 2:1 во сетови во мечот за тениска историја, бидејќи денеска во Кејптаун (Јужна Африка) сведоци на спектаклот беа неверојатни 51.954 илјади гледачи, со што се постави апсолутен рекорд на посетеност на еден тениски меч. Досега најпосетен тениски меч беше дуелот Федерер – Зверев, кој се одигра во Мексико пред 42 00 гледачи.

Комичарот Тревор Ноа и Бил Гејтс беа специјални гости и тие двајца беа дел од специјалниот меч во игра на двојки, по што следеше пресметката на вечните ривали кои надвор од теренот се добри пријатели.

Поискусниот Федерер на крајот славеше со 6:4, 3:6 и 6:3, а пресметката беше завршена со искрена и пријателска пресметка меѓу двајцата најтрофејни играчи во историјата на тенисот, кои сите парични средства собрани од спектаклот ќе ги донираат за најзагрозените семејства во Африка.

https://streamable.com/e4hig

Треба да знаете
Последни објави