Search

(Видео) Уште гори над Буковиќ

Ветерот и тешко пристапниот терен го отежнуваат гаснењето на пожарот кој изутринава околу 10 часот избувна на непристапен терен над скопското селото Буковиќ, меѓу селата Буковиќ, Раовиќ и Ласкарци. Опожарена е дабова и деградирана шума.

Гори поголема површина, а во гаснењето на пожарот се вклучени три противпожарни возила. Силниот ветер влијае на неконтролирано ширење на пожаро на сите страни. Засега нема опасност од негово приближување кон селата. Во гаснењето на пожарот е вклучено и месното население.

Видео и фото: ТВ21

https://www.facebook.com/tv21hd/videos/702720240229900/?t=343

Треба да знаете
Последни објави