Search

(Видео) Ученици и студенти од „Американ Колеџ“ го посетија кабинетот на Пендаровски

Средношколци и студенти од Универзитетот „Американ Колеџ“, Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно.

Посетителите се интересираа и разговараа со претседателот Пендаровски, за неговата работа, надлежности, ги посетија просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, салата за свечености, настани и прес-конференции. Учениците и студентите се сретнаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа запознаени со историјатот на Вила Водно, со дел од активностите коишто се одвиваат, како и со начинот на функционирање на оваа институција.

Денешната посета на учениците и студентите е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, со кој се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

Треба да знаете
Последни објави