Search

(Видео) Украина тврди дека го опколила градот Лиман, некои Руси се предале

Украинските вооружени сили објавија видео од нивните војници пред знакот за градот Лиман, каде, како што тврдат, опколиле илјадници руски војници.

Портпаролот на украинската војска изјави дека украинските сили го опколиле градот Лиман, кој со месеци служел како логистички и транспортен центар за руските операции во северниот дел на регионот.

 

Тој додава дека во таа област имало меѓу 5.000 и 5.500 руски војници.

„Некои се предадоа. Имаат многу убиени и ранети, но операцијата се уште не е завршена“, рече портпаролот.

Треба да знаете
Последни објави