Search

(Видео) Тричковски и третпат се запиша во листата на стрелците за АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски интернационалец, Иван Тричковски продолжува да ги тресе мрежите на почетокот од новата сезона во Кипар. Донеодамнешниот член на македонската репрезентација од редовите на АЕК Ларнака успеа да се запише во листата на стрелци и во третиот натпревар, овој пат на гостувањето кај Пафос. Популарниот Тричко се најде на вистинското место во 53 минута и донесе предност за домаќините по што домаќините одговорија преку Драгомир (61) за конечни 1-1.

АЕК Ларнака по три мече има учинок од една победа и две нерешени, а Тричковски има три голови зад своето име.

Треба да знаете
Последни објави