Search

(Видео) Тричковски го постигна 100. гол во дресот на АЕК Ларнака

Македонскиот фудбалски интеранционалец Иван Тричковски, вечерва постигна гол, кој за него е  јубилеен 100. погодок во дресот на кипарскиот тим АЕК Ларнака. Тричковски од 2016 година е член на кипарскиот тим.

Со својот гол, Тричковски му донесе победа на тимот од Ларнака од 2-1 против АЕЛ Лимасол, и го врати тимот на победничките патеки откако во претходните две кола освоија само еден бод. Инаку, за АЕК цел меч одигра и Даниел Мојсов, додека Стефан Спировски играше само во првото полувреме и беше повлечен на паузата.

Треба да знаете
Последни објави