Search

(Видео) Трипуновски: Извештајот на ЕК потврди дека земјоделството е на лош пат

Земјоделството во Македонија е на лош пат, тоа го потврди и извештајот на Европската Комисија за Македонија. Во сите три поглавја кои го опфаќаат секторот земјоделство, речиси и да немаме напредок. Ова го изјави Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференција.

Тој рече дека во поглавјето 11, Земјоделство и рурален развој се вели дека не е постигнат напредок во овој сегмент.

„Ниските цени и слабиот откуп се препознаени и од ЕУ и се нотирани како слабост на нашето земјоделство. Европската Комисија вели дека е потребна поголема поддршка за капацитетите за складирање на земјоделските производи. Производителите на домат и зелка во струмичко го фрлаа својот род на депониите, исто како и јаболкарите во Ресен кои ги уништуваа своите долгогодишни насади разочарани од ниската откупна цена на јаболката. Сливарите во Пијанец и Малешевијата ги фрлаа сливите, истото се случи и со производителите на пиперка, бостан и другите земјоделски производи. Да имаше поголем број на складишни капацитети, производителите ќе ги складираа своите прозиводи и ќе ги продаваа по достојни цени во одреден временски период.“, заклучи Трипуновски.

Тој додаде дека во поглавјето 12 – Безбедност на храна, ветеринарна и фито-санитарна политика, е задржана истата оценка која ја влечеме со години наназад, односно е остварена уште пред неколку години, па тука СДСМ немала направено ништо, дополнително за унапредување на оваа поглавје.

Во поглавјето 13, додаде Трипуновски, се вели дека не е постигнат напредок во однос на препораките кои биле дадени во минатиот извештај.

„Во овој сегмент министерството, т.е. Николовски и Зоран Заев немаат направено ништо во делот на инспекцијата и надзорот, ниту пак имаат направено чекор напред за усогласување на македонското законодавство со регулативите на ЕУ“, смета опозицијата.

Според ВМРО-ДПМНЕ извештајот е уште еден доказ дека премиерот Зоран Заев и министерот за земјоделство Љупчо Николовски не се грижат за македонското земјоделство.

Треба да знаете
Последни објави