Search

(Видео) Трамп ќе гради челична ограда наместо ѕид, бара 5,7 милијарди долари

Претседателот на САД, Доналд Трамп, во своето обраќање до нацијата од Белата куќа, побара 5,7 милијарди долари за челична ограда на ганицата со Мексико.

„На барање на демократите, тоа ќе биде челична ограда, а не бетонски ѕид“, изјави синоќа Трамп, кој говореше за растечката хуманитарна и безбедносна криза, во момент кога спорот околу ѕидот доведе до делумни блокади на владата во САД.

„Нашата јужна граница е место за влез на голема количина дрога, вклучувајќи метамфетамин, хероин и кокаин“, изјави Трамп, повторно обвинувајќи ги демократите дека одбиваат да ја финансираат граничната безбедност.

За време на деветминутниот говор, Трамп не го спомена воведувањето на посебни вонредни мерки, за кои говореше претходно.

Тој утре би требало да ја посети границата со Мексико.

Поради несогласувања со демократите, повеќе од две седмици делумно е блокирана работата на сојузните власти во САД. Трамп изјави дека нема да попушти и ќе продолжи да бара повеќе од пет милијарди долари за изградбата на ѕидот на границата со Мексико, во борбата против илегалната миграција.

Делумната блокада на работата на сојузните органи, опфаќа околу 800.000 вработени ширум САД, кои се на принуден одмор или раборат без паричен надоместок.

Треба да знаете
Последни објави