Search

(Видео) Трамп ја игнорираше младата активистка за климатски промени во зградата на ОН

Кратката видео снимка на која се гледа како американскиот претседател проаѓа покрај младата активистка за климатските промени, Грета Тунберг во зградата на Обединетите нации, го обиколи светот.

На видеото кое го објави Euronews може да се види како првиот човек на САД ја игнорира 16-годишната Швеѓанка која остана зад него, додека тој влегува во зградата на Обединетите нации на самитот за климатските промени.

Гета и Трамп се сретнаа во ходниците на ОН во Њујорк, а снимката веднаш ја презедоа Sky News, Euro News и Now This, а беше споделена и на Твитер.

Иако не беше најавен, Трамп сепак пристигна на самитот, на кој главна ѕвезда беше младата Швеѓанка која во Њујорк пристигна со помош на едрилица. Сепак, американскиот претседател ја игнорираше и ѝ го украде шоуто во Њујорк, а видео снимката експресно се рашири на интернет.

Климатската активистка Грета Тунберг го отвори самитот на Обединетите нации за климата со осуда кон светските лидери кои не успеаја да преземат силни мерки во борбата против климатските промени, бесно обраќај им се со зборовите: – Како се осмелувате!

,,Сето тоа е погрешно. Не би требало да сум тука, туку на училиште на другата страна од океанот, но сите вие ни доаѓате нам, на младите, и во нас барате надеж. Како се осмелувате? Ми ги украдовте соништата и моето детство со вашите празни зборови, но јас сум сепак една од среќните. Луѓето страдаат, луѓе умираат, цели екосистеми колабираат”, рече Тунберг и додаде: ,,Се наоѓаме пред масовно исчезнување, а вие зборувате само за пари и кажувате бајки за вечен економски раст”.

Треба да знаете
Последни објави