Search

(Видео) Трамп изјави дека пандемијата на шпанскиoт грип од 1918 година ја запрела Втората светска војна

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека пандемијата на шпанскиот грип веројатно довела до крајот на Втората светска војна – која започнала повеќе од две децении подоцна.

„Пандемијата од 1917 година уби меѓу 50 и 100 милиони луѓе. Веројатно затоа заврши Втората светска војна, сите војници се разболеа“, рече Трамп за време на брифингот во Белата куќа.

Пандемијата на шпански грип започнала во 1918 година, а неговиот дедо Фредерик Трамп починал од неа во Њујорк истата година.

На социјалните мрежи се појавија бројни коментари дека шпанскиот грип нема никаква врска со Втората светска војна. Неговото траење во 1918 и 1919 година се совпаднало со крајот на Првата светска војна.

Шпанскиот грип за прв пат бил откриен меѓу војниците во пролетта 1918 година и оттогаш се проширил на 500 милиони луѓе низ целиот свет.

Втората светска војна започна само 20 години подоцна – во 1939 година.

Треба да знаете
Последни објави