Search

(Видео) Торнадa беснеат во Америка, куќите останаа без покрив

Невреме и торнадо го погодија северниот дел на САД, а во близина на аеродромот во Тулса, Оклахома, најмалку едно лице беше повредено и повеќе од 10 домови беа оштетени.

Торнадото не го оштети аеродромот, но патниците беа одведени во засолништа за половина час, а многу летови беа одложени или откажани, објави АП.

Еден човек се здоби со повреди кога врз него паднало дрво за време на бурата , а неговата состојба, за сега, не е позната.

Бурите може да предизвикаат торнада и поплави во делови од Арканзас, Илиноис, Канзас, Мисури и Оклахома.

Во невремето што ги погоди камперите во областа Хикори во Мисури во неделата, седум лица беа повредени, од кои четворица беа хоспитализирани. Во Оклахома, меѓудржавниот автопат во Ел Рено, околу 40 километри западно од Оклахома Сити, беше затворен поради поплавите.

Во Ел Рено и Стилвотер, каде што се наоѓа и Државниот универзитет, спасувачите ги извлекуваа луѓето од нивните домови.

Треба да знаете
Последни објави