Search

(Видео) Тинејџерка возела со 160 километри на час бегајќи од полиција, во возилото имало деца

Полицијата во Охајо објави видео од потерата за 17-годишна девојка, која се обидувале да ја сопрат поради брзо возење во подрачје на кое имало училиште.

Сепак, наместо да го сопре возилото, тинејџерката додала гас и почнала да бега. Потерата траела неколку минути, а во еден момент девојката возела над 160 километри на час. Ја уапсиле кога се забила во паркиран автомобил.

Излегла од автомобилот, а полицијата дури тогаш открила дека во возилото биле и нејзините две деца, едното на возраст од две години, а другото деветмесечно. Со неа се возел и 14-годишник чиешто исчезнување било пријавено неколку дена претходно.

Додека лежела на подот, на полицијата ѝ рекла дека бегала од нив бидејќи возела деца во автомобилот, а немала возачка дозвола. Сега ја товарат за неколку сообраќајни прекршоци, но одговара и кривично.

„Имавме неколку лица во автомобилот, мали деца, полицајци, пешаци на паркинг, бројни возила, беше тоа рецепт за катастрофа. За среќа, сето тоа заврши на начин што никој не е повреден“, изјави шефот на полицијата, Брент Милхоан.

Треба да знаете
Последни објави