Search

(Видео) Тетовира 3Д-брадавици на жени што преживеале рак на дојка

Тетовира 3Д-брадавици на жени што преживеале рак на дојка

Откако неговата сестра преживеала рак на дојка, Вини Маерс, мајстор на тетоважи од Финксбург во САД, виде низ што сè поминуваат жените и какви последици остава мастектомијата на нивниот физички изглед, но и на психичкото здравје.

Потоа дојде до идеја да им помогне на жените кои преживеале рак на дојка, имале операција, и тогаш, меѓу другото, им се отстранети и брадавиците. Тој одлучи да им истетовира брадавици таму каде што треба да бидат и на тој начин даде свој мал придонес барем малку да им го разубави животот.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=115134502001578&set=a.115128138668881&type=3&theater

Брадавиците и ареолите Вини ги прави многу реалистични, тридимензионални, бидејќи користи повеќе нијанси и црта сенки. Тие се толку совршено нацртани што е тешко да се забележи дека не се реални.

https://www.facebook.com/Upworthy/videos/1876166802481437/

Жените се одушевени од резултатот, на лицето им се појавува насмевка кога ќе се видат во огледало, некои дури и плачат од радост.

Досега тој има направено речиси 10 000 такви тетоважи.

Треба да знаете
Последни објави