Search

(Видео) Тепање без повреди, на роговите на козите им ставил сунѓери

Даниел од Тексас е земјоделец што се гордее со своите кози, но бидејќи тие сакаат да се буткаат со роговите, тој одлучил да ги заштити од повреди. Затоа, тој им ставил сунѓери за пливање на роговите за да можат безопасно да се удираат со главите.

Џимин и Џогурт првин не се согласувале, признал сопственикот, чиј најголем проблем се кавгаџиски настроените кози.

Toј бил принуден да најде начин да ги реши кавгите на козите без да се повредат. Тој пробал неколку опции сè додека не сфатил дека додатокот за пливање може да биде негово решение.

„На роговите им ставам сунѓери за да се забавуваат и да се испоудираат без да се повредат“, рече земјоделецот. Тој додава дека забележал дека козите навистина се радуваат на сунѓерите.

„Ми се чини дека се поразиграни кога им ставам сунѓери на роговите“, рече сопственикот од Тексас во интервјуто.

Треба да знаете
Последни објави