Search

(Видео) Тепачка во авион откако патници одбиле да носат маска

За време на летот на холандската компанија КЛМ од Амстердам кон Ибица, дошло до тепачка откако двајца патници одбиле да носат заштитни маски.

„Мажите одбија да носат маски, а потоа физички и вербално ги вознемируваа другите патници“, рече портпаролот на холандската авиокомпанија.

На социјалните мрежи е објавено видео од инцидентот.

Тие биле уапсени откако слетале во Ибица, пренесува Индипендент.

Носењето маски е задолжително на летовите на КЛМ, како и на сите аеродроми во Холандија.

Треба да знаете
Последни објави