Search

(Видео) Телохранителот се фрли пред куршумот и ја спаси жената

Брзите рефлекси го спасиле телохранителот од Мексико, кој со своето тело успеал ја заштити жената што го ангажирала од маж кој се преправал дека е доставувач на пица.

Снимките од системот за видеонадзор пред хотелот „Санта Фе“ прикажуваат доставувач на пица кој на мотор се приближува до црн џип од кој телохранителот вади багаж.

Напаѓачот се приближува и извлекува нешто од џебот, а телохранителот се фрла пред него и ѝ вели на жената да се скрие во хотелот.

Напаѓачот се приближува и извлекува нешто од џебот, а телохранителот се фрла пред него и ѝ вели на жената да се скрие во хотелот.

И напаѓачот и телохранителот потоа пукаат, но доставувачот се плаши и бега.

Сè уште не е јасно зошто напаѓачот сакал да ја убие жената, но Мексико е во големи проблеми поради зголемената употреба на огнено оружје.

Крвавите напади поради дрога се сè почести во последните години.

Треба да знаете
Последни објави