Search

(Видео) Тежок пад на Гисин на спустот во Вал Гардена

Норвежанецот Александар Килде е победник  на спустот што денеска се одржа во Вал Гардена, но трката, за жал ја обележа страшниот пад на Швајцарецот, Марка Гисин.

На швајцарскиот скијач му се вкрстија скиите непосредно пред скок, па тој ја изгуби контролата и силно паднал на патеката, прво странично, а потоа удри со главата на мразот, по што остана неподвижен.

Откако му беше пружена првата помош, 30-годишниот Гисин со хеликоптер беше пренесен во болница. Според неофицијални информации, тој се освестил и неговата состојба е стабилна.
Поради несреќата паузата траеше повеќе од половина час по што трката беше продолжена.

 

Треба да знаете
Последни објави