Search

(Видео) Тамара осма на Евровизија

Македонската претставничка на Евровизија, Тамара Тодевска имаше одличен настап на финалната вечер и го освои осмото место во неизвесен натпревар до крајот на гласањето по кое победник беше Данкан Лоренс од  Холандија благодарение на гласовите на публиката.

Тамара до самиот крај беше во водство според гласовите од стручните жирија во 41 држава, но Израел и донесе предност на Шведска. Според гласовите од публиката голем пресврт направи Русија со 244 поени премина во водство, како и Норвешка со 235 излезе трета со 338 поени, Швајцарија 360 со гласовие од публиката но Италија со 253 пони од публиката ја презема првата позиција на кратко со 463, но Холандија со 263 гласа за 492 бода што беа доволни за прво место.Од друга страна, 58 гласа за Тамара беа доволни за конечни 295 бода.

Првите пет поени ги додели Португалија, па следеа осум од Азербејџан, Малта три, Сан Марино додели поен, Холандија три, седум добивме од Црна Гора, Естониа прва не ни додели бодови, Полска додаде осум, Норвешка десет, Шпанија не ни даде поени, Австрија и Велика Британија не почестија со 12, Италија додаде десетка, Албанија нова 12, Унгарија уште една десетка, Молдавија уште една 12, Ирска додели пет поени, Беларусија 0, Ерменија десетка, Романија седум, Кипар не ни додели ништо, Австралија додаде седум поени, Русија четири, Германија седум, Белгија 0, Шведска, која беше конкурент не ни додели поени, Хрватска десетка, Литванија не ни даде поени, Србија нова 12, Исланд осум, Грузија 0, Грција голем еден поен, Летонија уште осум, Чешка седум, Данска десетка, Франција седум, Финска седум, Швајцарија со 12 не врати во водство но Словенија ни даде само два и на крајот Израел како последен не ни додели поени за 137 поени за Македонија и 139 за Шведска.

На крајот решија гласовите на гледачите.

 

 

Треба да знаете
Последни објави