Search

(Видео) Судијата Штилер не му досуди пенал на Халанд, а потоа и го повреди

Младиот норвешки фудбалски интернационалец Ерлинг Халанд нема да го памети првото дерби со на неговата Борусија Дортмунд со Баерн Минхен кое минимално (1:0) го доби шампионот и лидер во бунделигашката конкуренција. Халанд имаше ситуација да се запише во листа на стрелците но неговиот удар беше спречен со игра со рака од Жером Боатенг, а судијата Тобијас Штилер не досуди пенал. Подоцна делителот и го повреди младиот гол-мајстор.

Не само што не се огласи судијата Штилер, немаше реакција ниту од ВАР собата. Десетина минути подоцна, Штилер се судри со Халанд на средината од теренот, настрада коленото на напаѓачот, кој кратко потоа беше повлечен од игра. Се верува дека повредата не е сериозна.

Треба да знаете
Последни објави