Search

(Видео) Судири меѓу полицијата и мигрантите на грчко-турската граница

На грчко-турската граница избија судири кога 500 бегалци се обиделе да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во Грција.
Грчката полиција соопшти дека е испален солзавец кон бегалците на турската територија, како и дека од турска страна е возвратено со солзавец кон грчката страна, пренесе АП.

Судирите почнале во 14 часот по локално време и траеле околу 2 часа. Се проценува дека околу 2.000 бегалци се уште се наоѓаат на грчко-турската граница.

Embedded video

Откако Турција ги прогласи за отворени своите граници кон Европа, десетина илјади бегалци се упатија кон Грција.

Денеска Анкара соопшти дека затвора шест копнени и поморски гранични премини кон Грција и Бугарија, за да спречи ширење на коронавирусот, но властите укажуваат дека тоа не значи дека Турција се откажува од одлуката во даден момент повторно да ги отвори своите граници кон Европа за бегалците од Сирија.

Турските граници ќе бидат и натаму затворени за бегалците, но не и за транспорт на намирници и опрема, изјавиле анонимни турски извори блиски до владата во Анкара.

Во пограничните бегалски кампови не се регистрирани случаи на заболени од коронавирус иако е непознато во која мера се спроведуваат тестирања.

Над 9.300 луѓе досега успеале да влезат во Грција, поголем дел преку грчките острови во Егејското море.

Треба да знаете
Последни објави