Search

(Видео) Страшни поплави во Шпанија, се прелева брана висока 25 метри

Силни поплави вчера погодија делови од источна Шпанија, при што за 24 часа наврна за четири пати повеќе дожд отколку што е карактеристично за просекот за овој месец во годините наназад, пренесуваат локалните медиуми.

Во поплавите досега загинаа две лица, а десетици мораа да ги напуштат своите домови.

На видео снимено крај акумулационо езеро во градот Алманса, во регионот Албасете, се гледа како браната се прелева поради интензивните врнежи од дожд.

Браната во Алманса е висока 25 метри, а површината на вештачкото езеро изнесува 203 квадратни километри.

Треба да знаете
Последни објави