Search

(Видео) Стојаноски: Наумоски од парите на жителите на Ѓорче Петров дава 12.3 милиони денари за вработување на партиските пајташи

Ништо од чистката на СДСМ. Проблемите на граѓаните само се зголемуваат, а главен виновник за тоа е власта. Ѓорче Петров 2 години е заборавена општина.  Нема проекти, нема инвестиции,кажа на прес конференција Бојан Стојаноски од ВМРО-ДПМНЕ.

Локалните челници на СДСМ секојдневно земаат се поголем замав и наместо да ги исполнат барањата на граѓаните тие единствено работат за своите лични интереси.

Жителите на Ѓорче Петров гласаа против расфрлањето со народните пари, против настапите на Наумоски по локалните кафеани, гласаа против градоначалник кој е недостапен за народот, против зграда во реонскиот парк, против загаден воздух и против луксузниот џип на градоначалникот купен од градоначалничката зголемена плата.

Жителите на Ѓорче Петров се уште ги очекуваат ветените проекти од кој досега нема ни трага ни глас. Нема ништо од градинката во Волково, го нема ни ветениот кружен тек на сред село во Волково, нова амбуланта во Дексион не е ни на повидок, нема ни спортска сала во Хром, исто како што нема ни нов голем трговски центар, нема музеј на современа уметност, ниту пак нов театар, нема пазар во населбата Даме Груев, а нема ни стипендии за млади.

Нема  ништо од она што беше ветено, а за што граѓаните ги гласаа. СДСМ  и Наумоски ги излажаа граѓаните на Ѓорче  и потрошија две години од нивните животи на стагнација на општината.

Наместо пари за нови проекти, Наумоски од парите на жителите на Ѓорче Петров дава 12.3 милиони денари за вработување на партиските пајташи.

Треба да знаете
Последни објави